| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот на бел коњ – таткото во животот на секоја девојка

1082137469
Од принц на белиот коњ, татко ми стана мое друштво при пиење, пеење и плачење, мој финансиски советник и низ сето тоа, тој секогаш имаше дел од моето срце кај себе. Заради тоа тој е најважната машка фигура во мојот живот…

Кога имав пет години влегов во дневната соба во облека од Дизни принцеза, со наметка и во раката држев цвеќиња. Не го прашав, туку му реков на татко ми да се ожени со мене. Тој се согласи да ја одигра улогата. Мајка ми беше свештеник, а ние ги кажавме заклетвите. Сега, 26 години подоцна, се уште се надевам дека ќе најдам некој кој има барем половина од срцето на мојот неверојатен татко.

Од принц на белиот коњ, татко ми стана мое друштво при пиење, пеење и плачење, мој финансиски советник и низ сето тоа, тој секогаш имаше дел од моето срце кај себе.  Заради тоа тој е најважната машка фигура во мојот живот и ќе продолжи да биде се додека не се појави некоја исклучително маркантна личност.

Еве 14 причини зошто таткото е најдобар:

Тој ве учи да бидете храбра (бидејќи ако паѓате тој е таму да ве фати)

Татко ми ме научи да возам автомобил, велосипед, да управувам џет-ски. Секогаш се плашев да ризикувам – дури и ако тоа е само нуркање, тато ме потсетуваше – “Ти си тигар, можеш да направиш се!” Се уште си го велам тоа кога се плашам.

Ви покажува што е вистинска љубов, со начинот на кој ја третира вашата мајка

Кога момчињата ќе ми го скршеа срцето, во текот на годините, татко ми ме потсетуваше дека кога ќе го најдам вистинскиот, нема да имаме многу несогласувања. Кога татко ми ја сретнал мајка ми, не се двоумел. И покрај тешките и напорни денови, кои одат рака под рака со бракот, тој никогаш не престанал да ја сака мајка ми. Татко ми е светол пример за тоа како еден човек треба да третира жена.

 Тој секогаш ве засмејува, особено кога сте нерасположена

Татко ми отсекогаш давал живост на секоја забава и иако неговите шеги не биле секогаш смешни, задолжително од мене добивал насмевка. Неговата омилена фраза е: “Може пица?”, на што јас секогаш возвраќав со насмевка и велев “Татооооооооо”.

 Ви испраќа убави пораки, точно кога ви требаат

Откако мојот татко има смартфон, не престана да ми испраќа пораки. Понекогаш тие се за времето, или за потсетување дека треба да ги платам даноците, но во ноќите кога се чувствувам немоќно и ќе му испратам порака дека ми недостасува, тој ми одговара: “Те сакам убава моја ќеркичке. Најубавиот ден во мојот живот беше кога се роди ти. А понатаму следуваа и поубави денови.” Тато знае како да ме издигне во небото.

Остатокот од текстот прочитајте го на најголемиот семеен портал во Македонија –Рингераја.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top