| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена уште една обложувалница „Бет сити“

 

grabez vooruzen maskiran

За само два дена се ограбени две обложувалници на фирмата „Бет сити“. По онаа во Тетово, вчеравечер околу 22 часот била ограбена и „Бет сити Балкан“ во Струга.

 

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, три засега непознати и маскирани лица, од кои двајцата вооружени со огнено оружје пиштол, насилно влегле во спортската обложувалница лоцирана на улицата „Димче Ковачески“. Еден од нив, репетирајќи го пиштолот, веднаш се упатил кон пултот за наплата и на вработениот, заканувајќи му се дека ќе пука, му ги побарал парите.

 

– Разбојниците одзеле  88 илјади денари, од кои 24 илјади биле пари од дневниот промет, а остатокот биле наменети за исплата. Додека двајцата маскирани ги одземале парите, третиот стоел пред влезната врата – вели Димоски.

Полициската станица од Струга презема интензивни мерки за наоѓање на сторителот на разбојништвото и за расветлување на казненото дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top