| четврток, 6 декември 2018 |

Француски олимпијци загинаа во страшна несреќа (фото)

trojca0000

Десет лица загинаа при снимање на телевизиска емисија за францускиот телевизиски канал ТФ1 во Аргентина. Осуммина од загинатите се француски државјани додека другите двајца се аргентински пилоти на хеликоптери.
Во несреќата загинаа и француските шампиони пливачката Камиј Муфа (25 години), боскерот Алексис Вастин (28 години) и навигаторката Флоранс Арто (57 години), кога двата хеликоптера изнајмени од продукцијата на емисијата „Дропед“ се судрија во лет. Причините за судирот на двата хеликоптера не се познати.

Останатиот дел од екипата ќе биде вратен во Франција по прекинот на снимањето, а на трагичната вест реагираше и претседателот на Франција Франсоа Оланд.
nesreka-500

Argentina-Helicopters500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top