Њујоршко семејство кое на „гаражна“ распродажба во 2007 година купило кинески сад за 3 долари, а сега од него заработи над 2 милиони долари. Белиот сад бил стар повеќе од 1.000 години, бил дел од таканаречениот „динг“ сад од времето на северната династија Сонг. Семејството го чувало како украс над каминот, несвесни за вистинската вредност, објави аукциската куќа „Сотбис“. Куќата потоа на аукција го продала за повеќе од 2,2 милиони долари откако сопствениците се консултирале со експерти. „Сотбис“ првичната вредност ја проценил меѓу 200.000 и 300.000 долари.
Лондонски трговец со антиквитети Џузепе Ескенази меѓутоа не се двоумел да плати 2.225.000 долари за садот, кој има само 12,7 сантиметри во обем. Едиствениот друг познат кинески сад со сличен облик, големина и украс се наоѓа во Британскиот музеј во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Аукција во УЈП: Се продаваат “Пунто за 70.000 денари, “Мерцедес“ за 107.900 денари, “Астра“ за 120.500 денари…
-
В петок аукција на УЈП: На продажба се солариуми, гарнитури, автомобили, лаптопи, деловен простор…
-
Аукција на УЈП: Се продаваат автомобили и недвижнини по ниски цени
-
Медалите на Џеси Овенс од Минхен, на аукција


