| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ нуди пет милиони долари за информации за исчезнат агент во Иран

583582_robert-levinson-jutjub_f

Соединетите Американски Држави понудија награда од пет милиони долари за информации што би овозможиле враќање на поранешниот агент на ФБИ Роберт Левинсон, кој пред точно осум години исчезна во Иран.

ФБИ во 2012 година, пет години по исчезнувањето, понуди милион долари за информација што би помогнала во неговото враќање дома.

– Денес одбележуваме осум години откако Боб исчезна во Иран и ја зголемуваме наградата за информација за тоа каде се наоѓа и за негово безбедно враќање дома. Ги молиме сите што имаат инфорамции да се јават во ФБИ. Боб одамна требаше да се врати дома – изјави директорот на ФБИ Џејсм Коми.

Американскиот Национален совет за безбедност НСЦ соопшти дека нема да отстапи од заложбите за безбедно враќање на Боб Левинсон дома и дека ја цени поддршката и помошта од меѓународните партнери.

– Ја молиме владата на Исламската Република Иран да соработуваат во истрагата за исчезнувањето на Левинсон дека тој би можел безбедно да се врати дома – наведува во соопштението НСЦ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top