| четврток, 6 декември 2018 |

Обама воведува санкции против седум венецуелски разузнавачи и политичари

обама

Американскиот претседател Барак Обама воведува нови санкции кон седум венецуелски официјални претставници кои, како што се тврди, ги прекршувале човековите права, ги прогонувале политичките противници и биле вклучени во корупција.

Вашингтон истакнува дека овие санкции не се вперени против народот на Венецуела или кон економијата на оваа земја, пренесуваат американските медиуми. Санкциите се однесуваат на некои венецуелски разузнавачи и политчари.

Напнатоста меѓу САД и Венецуела повторно се зголемува. Минатата недела Венецуела им наложи на САД во рок од 14 дена да го намалат својот дипломатски персонал во оваа земја на под 20 отсто од досегашниот број, додека САД ја критикуваа Венецуела заради нејзината антиамериканска реторика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top