| четврток, 6 декември 2018 |

Кога е вистинското време да ја фрлите долната облека?

гаки

Кога последен пат сте си купиле нова облека? Не џемперчиња и фармерки, туку долна облека. Добрите градници можат да се носат со години, но треба да се грижите за нив. Не сте сигурни кога е вистинското време да го фрлите градникот кој го носите со месеци?

Градникот ја изгубил својата еластичност

Со тек на време градниците се изветвуваат, ја губат еластичноста и ја менуваат својата форма. Ако вашиот градник повеќе не се растегнува на прерамките или грбот, не може да ви ја пружи потребната поддршка.

Долната облека ви е мала

Затоа што долната облека се пере често, таа може да се стесни особено ако е памучна. Кога се работи за градник, вашите гради се менуваат повеќе отколку што мислите, па градникот кој некогаш одлично одговарал на вашата форма сега може да ви создава проблеми како болки во грбот.

Неудобна долна облека

Ако вашите гаќички повеќе не се удобни, време е да ги фрлите. Посебно ако сте фан на тантела треба да знаете дека тантелата после неколку перења може да стане тврда и потенцијален фактор  за цисти и иритација.

Долната облека повеќе нема иста форма

Ако влошката во градникот е стуткана, време е да купите нов градник. Ако работ на гаќичките е одрабен, или ако се скинал ластикот – фрлете ги.

Иако вашата долна облека не се одликува со овие знаци, сепак долната облека треба да ја менувате на секои шест месеци или една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top