Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Л. Бејли.
Трајановски го запознал Бејли со историјата на градот Скопје, како и со проектите што се приоритетни.
На средбата Трајановски се осврнал и на досегашната соработка меѓу Градот Скопје и Амбасадата на САД во Македонија, како и на соработката која Градот Скопје ја има со збратимениот град од САД, градот Темпи од сојузната држава Аризона.
Трајановски и Бејли се осврнале и за состојбите во локалната самоуправа во Република Македонија, соработката на Градот Скопје со централната власт и соработката со останатите општини во Скопје, како и за системот на финансирање на локалната самоуправа во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.