Тројца странски државјани, двајца Алжирци и еден Пакистанец, се обиделе нелегално да влезат во Македонија, вчера кај „Богородица“, јави МВР.
Странските државјани биле пронајдени во вагон од товарен воз, во 19 часот на граничниот премин „Богородица“.
Пред една недела на Богородица, исто така, во товарен воз беа откриени 31 илегалец, и тоа државјани на Сирија и на Брегот на Слоновата Коска, Мали, Сенегал, Уганда, Конго и Буркина Фасо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.