| четврток, 6 декември 2018 |

Билетите за „Поточиња“ 2015 година пуштени во продажба!

На 28 и на 29 март 2015 година нè очекува уште една прекрасна музичка приказна на сцената на Универзалната сала. По 12. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Со многу нови песнички и оваа година „Поточиња“ ќе ја најават пролетта. За забавата да биде комплетна, драмската секција на „Поточиња“ има подготвено прекрасни видеонајави за секоја песничка, а сите посетители ги очекуваат и многу изненадувања и награди.

Овозможете им на вашите дечиња уште една незаборавна забава и навреме набавете билети, кои веќе се во продажба на касата на Универзална сала, „Југотон“, „Камарад“ во „Рамстор“ и цвеќарницата „Розе“ во „Веро 2“. Претставите се во следниве термини: 28.3.2015 година (сабота) од 11.00 и 19.00 часот и 29.3.2015 година (недела) од 11.00 и 13.00 часот. Цената на билетот изнесува 150 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top