| четврток, 6 декември 2018 |

Росица Мршиќ создаде колекција со едноставни креации

rosica mrsic1

Македонската модна дизајнерка Росица Мршиќ ја создаде првата колекција од новата модна линија „Есеншал колекшн (Essentials Collection). Повод за создавање нова линија е идејата да се понудат модни парчиња на едноставни креации по достапни цени коишто можат да станат дел од секоја женска гардероба.

– Колекцијата е составена од 13 секојдневни парчиња наменети за девојки и жени чиј избор е практична облека со модерен и впечатлив дизајн. Препознатливиот стил е забележлив во секое парче од колекцијата и ќе ги освои современите жени со можноста да го надополнат секојдневниот изглед со лесна доза на екстраваганција – велат од тимот на дизајнерката.

rosica mrsic

Колекцијата е достапна за купување во студиото на дизајнерката, бутикот „Виа“, „Лотус Дизајн“ продавницата во Сити Мол и преку онлајн порталите на www.bastetnoir.com и Etsy.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top