Еден од најжестоките удари на корисниците на кредити во швајцарски франци се случи кон средината на јануари оваа година, кога националната банка на Швајцарија се откажа од правилата на фиксна нормална стапка за франкот во однос на еврото, со што оваа валута драстично скокна. Со оваа одлука се погодени десетици илјади граѓани од регионот кои подигнале кредити во франци. Со други зборови, ратите на кредитите одлетаа во небо под облаци.
Луѓето кои останале затекнати од оваа состојба во БиХ, уште претходно стапуваат во правни спорови со Хипо банката, која пласираше најголем број на кредити во франци, додека некои се одлучуваат на договорен однос со банката. Некои не сакаат да ги враќаат кредитите.
Окружниот суд во Бања Лука неодамна донесе правосилна пресуда во предметот Швајцарски франк, во кој се тврди дека договорите за кредит со валутна клаузула, каде главнината на кредитот зависи од курост на некоја странска валута (швајцарски франк, евро и сл.) се вообичаени во правниот промет и дека не е спорно оваа клаузула често да се користи, па дека како таква е разбирлива и на просечен потрошувач. – Потврдено е и дека договорната одредба за валутната клаузузла во целост се темели на правилна примена на одредбите на членот 395. Законот за облигациони односи според кој, ако паричната обврска гласни на плаќање во злато или во некоја странска валута, нејзиното исполнување може да се бара во домашни пари според курсот кој важи во моментот на исполнување на обврската.
По оваа пресуда, се огласија и Управите на Хипо банката во БиХ кои ја поздравија првата правосилна пресуда на судот по тужбата против оваа банка за договарање на кредити во франци, на која е потврдена легалност на валутната клаузула, изражувајќи го своето очекување дека оваа пресуда ќе стане дел од судската пракса.
– По правосилните пресуди кои се донесени во Загреб, Мостар, а сега и во Бања Лука, кои ја потврдуваат законитоста на договарањето на кредитите со валутна клаузула во швајцарски франци, беспредметно е да се доведува во прашање легалноста на овие кредити. Истовремено, оваа православна пресуда во БиХ и во земјите во соседството ја обврзуваат јавноста, пред се стручната и медиумите, во идните расправи на оваа тема да ги уважуваат наведените правосилни судски пресуди – наведено е во соопштението за јавноста на оваа Банка, а која го пренесе ставот на Управата на Хипо банката во БиХ.
Ниту оваа пресуда на Окружниот суд во Бања Лука не ги спречи корисниците на кредити во франци, да се соберат во саботата на 28 февруари во симболичните 5 до 12, за да го изразат своето незадоволство од состојбата во која се нашле, како и по повод целосното игнорирање на институциите на власта во врска со наведената проблематика.
Да потсетиме, кон крајот на јануари оваа година одржан е состанок на Министерството за финансии на РС со Агенцијата за банкарство на РС како и со претставниците на Хипо банката, кај кои се концетрирани кредити индексирани во швајцарски франци.
Според собраните информации, а како што објави Министерството за финансии на РС, од состојбата на ден 31.12.2014 година од вкупниот број на должници по швајцарски кредити физички лица, од нив 52 отсто се однесуваат на должници кои кредитите ги подигнале за станбени намени, додека останатите кредити биле ненаменски или се користени за инвестициски потреби.
Во структурата на кредитите за станбени намени, значително учествуваат кредити на физички лица одобрени во износ од 150.000 КМ. Уделот на кредитите во франци во вкупниот кредитен портфељ изнесува 2,5 отсто, т.е. околу 82 милиона швајцарски франци.
Освен само констатација, се чини дека оваа комплексна состојба од енормниот раст на швајцарскиот франк, како и неможноста на многу луѓе да ги враќаат кредитите, е префрлена на индивидуален однос меѓу банката и клиентот.
Со други зборови, на корисниците на кредити во швајцарски франци им е оставено да одлучат дали ќе ги прифатат условите на банката, која тврди дека се работи за олеснувања или и понатаму ќе продолжат да се собираат со предупредувања за тоа колку состојбата е драматична.
Адвокатот Далибор Мрша, кој долго се бави со проблематиката за швајцарскиот франк, за Бука истакна дека државата треба да реагира бидејќи има легитимно право да ги заштити своите граѓани, бидејќи целата состојба сега веќе е и социјален проблем.
– При склучување на вакви договори, корисниците на кредити ни од блиску не можеле да предвидат до какви штетни последици може да има вакво стапување во договорен однос со банката која пласирала еден ваков кредитен производ. Се поставува прашањето, што со луѓето кои имаат намера да ги решат основните егзистенцијални прашања, да купат станови, сега доаѓаат во состојба да мора да излезат од тие станови? – вели Мрша за Бука.
Тој вели дека кога станува збор за институциите на власта требало да се води сметка за тоа дека БиХ има една специфичност која се состои во фактот дека таа ја штити домашната валута на начин што истата цврсто е врзана за еврото, а една од задачите на Централната банка на БиХ е да ја штити КМ во однос на еврото.
Конвертибилната марка во однос на еврото, наведе Мрша за Бука, во период од последните 10 и повеќе години не претрпе пад, т.е. не настапи девалвација како акт на монетарната власт, додека инфлација немаше или таа е незначителна во однос на тоа колку пораснал курсот на франкот во однос на КМ.
Мрша се осврна и на пресудата на Окружниот суд во Бања Лука
– Кога се зборува за валутната клаузула таа не е спорна сама по себе и бев изненаден со натписите во медиумите кога пишуваа дека Судот утврдил дека договарањето во странска валута е законско. Воопшто не е работата во тоа дали тоа е законски ли не, ние како адвокати не ја оспорувавме законитоста на договарањето на валутната клаузула. Спорно е тоа што стои зад валутната клаузула. Значи постои ли подлога во странска валута за да може да се зборува за валутна клаузула. Ако го нема тоа, тогаш банката остварува екстра профит – вели Мрша.
– Јас размислував за некој среден модалитет за решение на овој проблем – истакна Мрша, да се види колку бил курсот на франкот на денот на пласманот на кредитот, а колку е сега, значи низ цел тој отплатен период и да се обиде да се најде среден курс кој би бил фиксен.
Тој вели дека секојдневно се сретнува со клиентите кои не можат да ги плаќаат ратите на кредитите, бидејќи платата со последниот скок на франкот не е доволна да ја покрие таа рата.
– Пари немаат, а често се случува корисник на кредит да е лице кое издржува семејство и кој е единствен вработен во семејството, а станот во кој живеат е заложен под хипотека како средство за обезбедување за отплата на кредитот. Мислам дека од тука ви е јасно во каква тешка состојба се наоѓаат клиентите – вели Мрша.
Тој пак предлага на клиентите да се вклучат во преговори со банката за да се најде нај оптимално решение, бидејќи смета дека банката сепак ќе ја корегира и оваа своја понуда која моментално ја нуди.
Управата на Хипо банката во БиХ посебно потенцира дел од правосилната пресуда на Окружниот суд на Бањалука во која се истакнува: – Дека нема место за заклучок дека обвинителот (клиентот на банката) со извршените уплати на ратите на кредитот, пресметани според среден курс кај тужениот (банката) на денот на уплатата на ратите, претрпел штета, ниту основаност на неговото барање да се досуди износ врз основ на курсната разлика.
На ставовите на Здружението, како што тврдат тие, со транспарентното задолжување во франци и наводниот екстра профит, Управата на Хипо банка во БиХ вели дека се целосно неосновани: – Во ниту една контрола, а ги имаше многу во изминатите години, како од страна на регулаторите така и од страна на реномирани екстерни ревизори, не се констатираше ниту една неправилност на оваа тема. Банката константно имаше извори во согласност со прописите!
Хипо банката по протестните собири во Бања Лука издаде соопштение во кое тврди дека Здружението на корисници на кредити ја игнорира пресудата на Окружниот суд во Бањалука па понуди модел за кој тврди дека е конечен и дека нема да се преговара за дополнителни понуди. Ставот е јасен – валутната клаузула е законска и на оваа тема може само да се зборува од позиција на правосилната пресуда од Окружниот суд.
За да излезе во пресрет на клиентите, Хипо банката понуди конверзија во кредит со валутна клаузула во евра со намалена каматна стапка и отпис на неколку рати со можност за пролонгирање на рокот на отплата на кредитот, како и можност за фиксирање на курсот на франкот на 1,628501 KM за 1 франк, т.е. курс кој важеше на ден 15.01.2015 година, со формирање на балон отплата со каматна стапка на балон сметка од 1 отсто.
– Периодот на траење на балон отплата на кредитите може да биде минимално 3 години, а максимално до крајот на отплатата на кредитот – соопшти банката.
Од оваа банка соопштија дека бројот на корисниците на кредити со валутна клаузула во франци е се поголем, а кои се одлучиле да не ги слушаат здруженијата. – Тие веќе поднесоа десетици барања за одобрување на повластици, а банката само во последните неколку дена одобри 24 барања за олеснувања. Се очекува тој број да биде многу поголем во следниот период.
Очигледно е дека моменталната состојба не одговара на никото. Ниту на една страна не е во интерес кредитите да не се враќаат. Прашање е само кој модел треба да се одбере. Со оглед дека институциите на власта не сакаат да се мешаат во овој случај, едно е јасно, на преговарачка маса треба да седнат оштетените страни и да пробаат да дојдат до договор.
Бука – Сараево
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст