Тој вели дека последиците од неодење на избори ќе се скршат внатре во партијата.
-СДСМ се одлучи за една опасна варијанта, без да ги има до крај проценето сите евентуални последици. Мислам дека многу полесно ќе стигне СДСМ до целта, до делигитимирање на оваа власт, ако има добар резултат на локалните избори, вели Бучковски.
Тој предупредува дека се несогледливи негативните последици за СДСМ ако партијата не отиде на избори.
Бучковски не верува докрај дека најголемата опозициска партија ќе опстои на бојкотот, бидејќи, според него, колку што роковите ќе се стеснуваат за конечно поднесување на кандидатурите толку погоелм ќе станува притисокот врз раководството од СДСМ за да се оди на избори, бидејќи вели Бучковски локалните избори се специфични, а во нив се вклучени многу луѓе и могу луѓе имаат очекувања од нив
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.