| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов до Димитров: Ти никогаш не си бил вмровец!

pandov1-520x520

Политичкиот аналитичар Александар Пандов, на својот профил на „Фејсбук„ го искоментира статусот на Никола Димитров.

Во продолжение ја објавуваме целата негова реакција

Го читам статусот на Никола Димитров и си го цитирам Владо Јовановски, ех моја чудесна Македонијо. Апсолутно легитимно право е на секој човек да си има сопствено политичко убедување, подеднакво исто како и религиско верување. Но, премногу невкусно и неморално е да човек кој и припаѓа на друга верска заедница, католичка, протестантска … да говори на православните верници, околу нивното верување. Така и Димитров. Сите ние сме биле ВМРО. Точно. Но и во минатото некој верувале и што е поважно членувале во ВМРО (обединета), а други во ВМРО (автономистичка). Така е и денес. Има повеќе политички партии со ВМРО предзнак. Една од нив е и ВМРО – ДПМНЕ. За да некоj говори околу таа партија за нејзините идеали и вредности, најмалку што треба е да некогаш воопшто бил член на таа партија.

Јас колку што знам никој од Димитров, Лазаревик и Димшоски не биле членови на ВМРО – ДПМНЕ или како тоа Димитров го вели, незнаеле ни каде се наоѓа партискиот штаб. А, од друга страна знам, а тоа го знае и целата македонска јавност дека тројцата, а поготово Никола долги години кога ВМРО – ДПМНЕ бил на власт има извршувано разноразни функции, кои за секој член на партијата кој имал дипломатски афинитети биле и повеќе од посакувани. Колку ме држи паметењето Димитров незадоволен од неговото назначување за амбасадор во Русија, самоволно се повлече.

И сега овие тројца се нашле повикани да прават систем во кој секој граѓанин ќе имал подеднакво шанса, без разлика на партиска припадност!? Токму вие и една цела дузина на останати граѓани кои извршувале и во моментов извршуваат исклучително одговорни функции во државата, а не се членови на ниту една партија е доказ дека ова ВМРО – ДПМНЕ е и повеќе од демократска и отворена партија за секои еден граѓанин кои се чувствува спремен да ја понесе одговорноста на функцијата која ја носи. Исто да потсетам дека до пред десет години на македонската политичка сцена на сите избори излегуваа повеќе од 15 партии со префиксот ВМРО, за да на неколкуте последни избори излегуваат само две. Ако некој од 1893 до денес успеал да го обедини македонецот под ВМРО, тоа секако е Никола Груевски.

Секој здраворазумен човек претпоставувам дека подеднакво исто како и јас си го поставува прашањето како и зашто тоа Димитров не го зема во предвид признанието на делото на шесто и пето осомничените, а тоа е да потсетам дека за пари снимале разговори и истите му ги предавале на прво осомничениот Зоран Верушевски, а веруваат на четврто осомничениот Зоран Заев и сороспиите Геровски, Ордановски, Фрчковски .. па партискиот штаб (кои нели незнаат каде е) го препознаа како полициски штаб!

Конечно, кога некои соросови портали говорат за ВМРО и вмровштината која некоја личност ја носи во себе и тоа да е ударна вест на сите тие портали, доволно говори и за него и за неговата политичка ориентација, а најмногу за вмровштината што ја имал и евентуално останала во него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top