Архитектите од Оклахома го претставија концептот за новиот облакодер во градот Тулса а кој би требало да изгледа како торнадо.
Тулса е град кој е сместен во таканаречената Алеја на торднада, а има многу облакодери кои имаат имиња на некои временски прилики.
Во облакодерот Торнадо е планирано да биде сместен музеј со последици од временските неприлики, како и истражувачки центар.
Зградата на врвот би требала да има подвижен ресторан, а архитектите тврдат дека тркалото, иако на прв поглед не изгледа така, е многу стабилно и отпорно на силните удари на ветерот.
Во Оклахома во 2013 година биле забележани 80 торнада, а рекордна година е 1999 година кога имало 145.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.