Државниот врв во Република Македонија и други политичари и јавни личности се целта на прислушувањето, оцени премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Пласница.
– Видовме како креирани материјали се лиферуваат во јавноста и била очигледна намерата токму тоа да биде направено со цел да се создаде лажна слика преку извадоци од разговори и креирани разговори. На тој начин сака да се создаде слика за тоа што не е, да се компромитираат луѓе и да се прикажат дека се поинакви од тоа што се, но и да се заборават нивните дела и работа и тоа што го направиле – рече премиерот Груевски.
На тој начин, нагласи, сакаат да се заборават реконструкциите на болниците, изградбата на автопатиштата, градбата на другите патишта, зголемувањето на пензиите и социјалната помош, субвенциите што им се даваат на земјоделците.
– Со еден збор сакаат народот да заборави се што се вложувало во овие девет години и само да се фокусира на делови од креирани разговори врз основа на кои Заев смета дека ќе биде избран и дека ќе дојде на власт што секако нема да се случи – потенцира Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии