Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми денеска во општина Пласница свечено ја пуштија во употреба спортската сала во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“.
Салата е дел од проектот за изградба на 145 спортски сали ширум Македонија што Владата го спроведува преку МОН. Таа е со површина од 650 метри квадратни и е целосно опремена со сите неопходни спортски реквизити. За нејзина изградба се вложени 24 милиони денари.
– Врвните постигнувања во спортот никогаш не доаѓале случајно или наеднаш, туку се резултат на многу труд и макотрпна работа на спортистите, но и резултат на долгогодишната спортска традиција, негување и љубов кон спортот, како и постојани вложувања за изградба на спортски терени. Доколку констатираме дека Македонија никогаш немала проблем со спортската традиција неминовно е дека голем проблем во минатото беше немањето на соодветни спортски реквизити, спортски сали и други спортски терени, потенцира премиерот Никола Груевски.
Тој посочи дека знаејќи ја ваквата состојба која се провлекуваше долги години Владата започна со изградба на спортски објекти насекаде низ Македонија за да се надокнади она што не било направено во минатото.
– Ветивме дека ќе градиме низ цела Македонија и не заборавивме на ветеното. Дадовме збор дека ќе изградиме спортски сали и игралишта секаде каде што немало и каде што може да се изградат и опстојавме на зборот. За разлика од некои други влади, ние не ја заборавивме и Пласница, потенцира Груевски.
Тој нагласи дека Пласница е дел од проектот за изградба на спортски училишни сали и додаде дека покрај 145-те сали што се реализираат преку овој проект се градат уште 35 спортски сали низ Македонија со проектот што се реализира преку Агенцијата за млади и спорт.
Во салата во Пласница покрај сите активности за настава по физичко образование може да се игра и кошарка, ракомет, мал фудбал, пинг-понг и повеќе спортови, додаде премиерот Груевски.
– Изградбата на оваа сала и повеќенаменското спортско игралиште кое исто така го изградивме тука не се ниту првите ниту последните проекти за Пласница, потенцира Груевски.
Тој потсети дека во претходните години е извршена реконструкција на парното греење во ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во вредност од 3,3 милиони денари и е заменет покривот на училиштето, инвестиција од околу два милиона денари, а во минатата година е направена и целосна реконструкција на училишниот објект со поддршка на турската владина организација ТИКА.
По барање на жителите, додаде, изграден е и новиот мост на реката Треска за кој се одвоени 30 милиони денари, а лани се изградени околу 700 метри од локалниот пат Ижиште – Преглово, а во мај годинава е планирано да се направи и преостанатиот дел од патот.
Министерот за образование и наука Адеми посочи дека денеска се исполнува едно големо ветување дадено на граѓаните на општина Пласница и додаде дека 400-те ученици ќе можат да следат настава по физичко образование според сите прописи. Но, посочи, салата ќе биде и за сите граѓани и спортски екипи од општината.
Тој истакна дека досега се изградени 44 спортски сали од проектот, а во фаза на градба се уште 16. Дел од салите се со површина од 650 метри квадратни, како таа во Пласница, а другиот дел се со површина од 1.300 метри квадратни и имаат трибини.
– Спортот освен образовна има и превентивна улога и затоа ќе продолжиме со спроведување на проектот за изградба на 145 сали се до неговата конечна реализација, вети Адеми.
Градоначалникот на Пласница Исмаил Јаоски нагласи дека камен-темеликот на салата беше поставен во 2011 година, а денеска таа се пушта во употреба.
– Се надевам дека и во иднина со помош на Владата ќе се реализираат и други проекти во општина Пласница, посочи Јаоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст