| четврток, 6 декември 2018 |

Верона освои бод против Милан

milan-verona-luca-toni-penalty_3273926

Фудбалерите на Верона со голот во судиското надополнување на вториот дел синоќа изборија нерешен резултат 2:2 на гостувањето кај Милан.

Поранешниот првак на Италија не го почна натпреварот добро бидејќи гостите преку Лука Тони во 18.минута поведоа со 1:0 од пенал. Но, повторно со удар од белата точка Милан изедначи преку Жереми Менез во 41.минута. На почетокот на вториот дел Панајотис Таучидис со автогол донесе водство за Милан, а конечните 2:2 ги постави Николас Лопез во 90+5 минута. Со овој нерешен резултат Милан е на 10 место, а Верона е 13-та.

На вториот дуел одигран вчера Сампдорија го победи Каљари со 2:0.

Денеска се играат натпреварите:
Чезена – Палермо,
Киево – Рома, Емполи – Џенова,
Парма – Атланта,
Удинезе – Торино и
Наполи – Интер,

Утре ќе играат:
Лацио – Емполи
Јувентус – Сасуоло.

Табела:
Јувентус 58 бодови,
Рома 49,
Наполи 45,
Лацио 43,
Фиорентина 42,
Сампдорија 42,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top