| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески до Локвенец: Колку инвестираше СДСМ во патната инфраструктура додека беа на власт?

avtopat2СДСМ нема легитимитет да зборува за тоа што ВМРО-ДПМНЕ има направено во Прилеп. Социјалдемократите од Прилеп денес упатија низа обвинувања на сметка на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Министерот одговори на ваквите обвинувања, предочувајќи ги бројните проекти во повеќе сфери. Тој ги запраша СДСМ што направиле тие за инфраструктурата, набројувајќи огромен број значајни зафати на патните правци, регионалните патишта и локалните патишта во Прилеп и околината.

Еве што напиша Јанакиески:

– Ја изградивме третата лента на Плетвар и влезот во Прилеп.

– Годинава ќе започне да се гради и експересн пат од Градско до Прилеп инвестиција од 70 милиони евра.

Изградивме 11 локални патни правци со вкупна должина од 30,77 км и вкупна инвестиција од 140,4 милиони денари.

– локален пат с. Лопатица – с. Подмол инвестиција од 14,милиони денари
– локален пат Р-115 – с. Веселчани инвестиција од 7 милиони денари
– Локален пат Р-109 – с. Бонче инвестиција од 16 милиони денари
– локален пат Р-106 – с. Радобил должина од 4.50 км и инвестиција од 19,5 милиони денари
– локален пат Р-109 – с. Штавица должина од 1.01 км и инвестиција од 4,8 милиони денари
– Локален пат Р-109 – с. Дуње должина од 3.15 км и инвестиција од 11,9 милиони денари
– локален пат ЛП-13 – Манастир Селце должина од 2.19 км и инвестиција од 8,4милиони денари
– локални пат с.Алинци – с.Шелеверци должина од 2,41 км и вкупна инвестиција од 16,7 милиони денари
– локален пат с. Клепач – с. Ерековци должина од 2.56 км и инвестиција од 16 милиони денари
– локален пат с. Беровци – с. Галичани должина од 1.15 км и инвестиција од 5 милиони денари

Оваа година ќе се градат локалните патишта:

– Прилеп – Маркова Чешма во должина од 1,41км вредност од 12,1 милион денари

– Локален пат с. Лениште – Манастир Св. Петка во должина од 0,88км со вредност од 6,6 милион денари

Завршени се регионалните патишта:

– Прилеп – Кривогаштани со должина од 18,80 км, вредност 141 милион денари

– Прилеп – Македонски Брод со должина од 37 км, вредност 282 милион денари

– во текот на 2013 година е извршена санација на една коловозна лента на магистралниот пат А1 на Плетвар во должина од околу 1,60 км со вкупна вредност од 6 милион денари.

– во текот на 2014 година се изврши надградба на магистралниот пат А1 делница, Плетвар – Фариш – Росоман во должина од околу 1,0 км со вкупна вредност од 6 милион денари.

– во текот на 2014 година се изврши надградба на клучката на А3 влез во Прилеп кај споменикот на паднати борци-Могила со вкупна вредност од 2,8 милиони денари

– на регионалните патишта Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Сладуево и Прилеп – Македонски Брод – Кичево во должина од 115 км се постави нова сообраќајна сигнализација и опрема. Инвестицијата е во вредност од 30 милиони денари

– Изграден е патот до манастирот Трескавец a а во финална фаза е изградбата на патот до манстирот Зрзе, проекти вредни околу 3 милиони евра

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top