Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци организираше регионален хуманитарен турнир во мал фудбал каде учество земаа младите од 4та изборна единица, при кој се собираа финансиски средства за донација.
Младите од УМС со собраните средства обезбеди десктоп компјутер за потребите на младите од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Кавадарци – Мал групен дом.
Како што истакна претседателот на УМС Владимир Нелоски, младите од ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе помагаат онолку колку што можат, бидејќи и најскромниот допринос сепак некого ќе направи среќен.
Од Унијата најавуваат и во иднина вакви акции, како и хуманитарна помош за Психијатарската болница во Демир Капија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст