Празникот се појавил во време на голем индустриски напредок, но и големи турбуленции, криза и радикални идеологии. Меѓународниот ден на жената се покажало дека во себе носи корени на протест и политички активизам кои понатаму постануваат неизбежни облици на друштвениот живот.
Годините кои претходеле на 1910та, ги одбележале силни полови разлики и мал процент на вработени жени во индустриски развиените земји. Оние кои работеле биле вработени во текстилната индустрија, производството и како домашни помошнички. Работеле во многу лоши услови и за многу малку пари.
Истовремено, индустријата ја погодила голема криза. Здружувањето на работниците кои не биле дел од синдикатите се нашле во незавидна позиција додека синдикатите станувале се посилни.
Во Европа, Велика Британија, Америка и во помал обем и Австралија, жените се позасилено лобирале за своето право на глас. Таа борба како да ги потиснала сите други аспекти од животот на жените и почнале да се чувствуваат револуционерни промени.
Во 1977 година, Генералното Собрание на ОН усвојува предлог кој вели да се прогласи ден за прославување на правата на Жените и Меѓународниот мир.
Конвенција на истата тема е одржана и во Копенхаген, Данска во 1980 година. Резултат на овие меѓународни напори е прогласувањето на 8ми Март како Ден на жената.
Изреки за денот на жената:
“Жените се вистински архитекти на општеството” – Harriet Beecher Stowe
“Најосамена жена на светот е онаа која нема блиска пријателка жена” – George Santayana
”Историјата на сите времиња, особено на денешницата, не учи дека жените би биле заборавени доколку заборават да мислат на себе” – Louise Otto
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Поинаку“ и честиташе 8 март на битолската градоначалничка со дрвце во дупка на среде улица
-
Кинотека на Македонија го одбележува 8 Март со прикажување на три долгометражни филма чии режисерки се жени
-
Изложба по повод 8 Март – „Жената во Македонија низ времето“
-
Еве која беше најслушаната македонска песна за 8-ми март (видео)