Врнежите од дожд и топењето на снегот предизвикаа поплави во Битолско, Прилепско, преспанскиот регион и Демир Хисар.
Според информации од Центарот за управување со кризи во утринските часови се излеа Голема Река кај селата Горна и Долна Бела Црква и Езерани во Ресенско при што поплави земјоделско земјиште, неколку куќи и плевни.
Поплавени се и околу 800 до 1000 хектари земјоделска површина во Битолско и Прилепско. На Црна Река од дождот е зголемен водостојот за 108 сантиметри кај Новаци. Поплавени се површини во атарите на Лознани, Вашарејца, Ношпал, Могила во Битолско и во Тополчани во општина Прилеп.
Поплавен е и коловозот од Могила до Радобор поради што е затворен и за сообраќај.
Црна Река е излеана и во општина Демир Хисар кај мостот за селото Бабино поради паднати дрвја во речното корито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Ја знаете ли легендата за преубавата Преспа и настанокот на Преспанското Езеро?
-
Атињаните се собираат на протести за договорот со Македонија