Единствениот натпревар од 19.коло во Првата македонска фудбалска лига се одигра на арената Филип Втори во Скопје меѓу Работнички и Турново.
За само една недела Работничи успеа повторно да го совлада Турново овојпат со 2-0. Стрелци на головите беа Алтипармаковски во самиот финиш од првиот дел кога со глава успеа да го совлада Захов, и Баже Илијоски по само пет минути игра во второто полувреме од пенал.
Со новите три бода Работнички покажува дека е во добра форма и најавува жестока битка со Вардар за трофејот оваа сезона. Со новите три бода Работнички се израмни на врвот на табелата токму со црвено-црните со по 41 бод, но вардарци имаат натпревар помалку против Металург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.