| четврток, 6 декември 2018 |

Полицајците претпочитаат квалитет пред традицијата

200_police-honda-470Американските полицајци ги преферираат мотоциклите на „хонда“ пред „харли-дејвидсон“, традиционалните во силите на редот, пренесува „Автоплус“.

Полицајците сметаат дека јапонските мотори се подинамични, побезбедни и полесно се управуваат. Освен тоа, „хонда“ има водено ладење, а „харли“ воздушно, што е сериозен проблем при мала брзина во жешки денови. Јапонските мотоцикли имаат предност и во забрзувањето. На тешките американски машини им треба време да забрзаат, додека со „хонда“ бегалците ретко имаат шанса да побегнат.

Во однос на „харли-дејвидсон“, јапонските мотоцикли имаат значително поефикасни сопирачки, регулирано ветробранско стакло и подобра позиција на управувачот. Американската полиција и култната компанија имаат долга заедничка историја. Првите мотоцикли од Милвоки пристапуваат во вооружувањето во силите на редот во далечната 1908 година, па затоа овие размислувања по малку болат?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top