| четврток, 6 декември 2018 |

Градите на оваа политичарка заслужија место во „Плејбој“ (ФОТО)

4

Никита Клаетруп, 20-годишна млада данска политичарка, членка на организацијата Konservativ Ungdom, ги водушеви корисниците на социјалните мрежи, благодарение на храбрата тоалета која во голема мера ги откри нејзините гради.

Атрактивната тоалета ја носела неодамна на свечена вечера приредна во чест на 110-годишнината од организацијата, а на некој од друштвото толку многу му се допаднала што едноставно морал да ја сподели со остатокот од светот на мрежата Имгур.

1

Покрај тоа, големиот интерес за младата дама отишол толку далеку што и се обратиле од американското издание на магазинот „Плејбој“, па таа открила во разговорот за порталот Екстрабладет, дека размислува за тоа да ја прифати понудата.

2

– Секако дека многу ми годи интересот на уредникот на толку угледен магазин. Но, дали ќе се согласам за тоа зависи од тоа какви би биле фотографиите и колку планираат да ми платат – рекла младата политичарка.

3

Додека атрактивната Никита размислува, ќе додадеме дека интересот за нејзините фотографии и во овој момент не стишува и дека за краток рок дури 40.000 луѓе одлучиле да го следат нејзиниот профил на Инстаграм, на кој има многу провокативни фотографии.

Извор: Жена блиц

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top