| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска нема да ја попречува евроинтеграцијата на Србија

Хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ демантира дека Загреб на каков било начин ќе ја запира Србија на нејзиниот европски пат, оценувајќи дека односите меѓу двете земји се добри и коректни.

– Не сметам дека значењето на Хрватска во ЕУ би се намалило со влегувањето на Србија, туку тоа е и наш безбедносен интерес. Потребно е напредување на сите земји со кои граничиме, согласно стандардите на ЕУ. На тој начин добиваме сигурни и стабилни земји на своите граници и поради тоа ќе и помогнеме на Србија на нејзиниот европски пат.

Во интервјуто за денешни „Вечерње новости“ Пусиќ оцени дека односите меѓу двете земји се добри и коректни.

– Денес постои целосна свест дека треба да покажеме способност во своето соседство дека можеме цивилизирано да функционираме, и единствено така и други, од Европа па натаму, сериозно ќе не сфатат, објасни хрватската министерка.

Таа дополни дека не верува во политиката на љубов и омраза и оти во политиката, во односите меѓу државите, од омразата единствено поопасна е љубовта.

– Тоа многу брзо се претвора во некое чудни и страшни претензии..Без љубов и омраза, туку ефикасно, смета Пусиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top