Според две анкети кои во минатата година ги направи реномираниот американски институт ИРИ, граѓаните не чувствуваат никаков притисок за време на изборите. Во анкетата од септември 2014 година,
72% од граѓаните сметаа дека немало притисок на избори, 15% сметаа дека имало, односно познавале луѓе кои тврдат дека имало притисок, а само 7% почуствувале личен притисок.
Според најновата анкета на ИРИ објавена пред неколку дена, граѓаните ценат дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна парија помеѓу народот. На прашањето која партија е најактивна во населените места резултатите се следни: ВМРО-ДПМНЕ 52%, СДСМ 7%, ДУИ 16% и ДПА 5%.
Според анкетата на ИРИ, граѓаните со најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на прашањето која партија најнапорно работи за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ 32%, СДСМ 9%. Она што е сигурно е дека македонските граѓани имаат најголема доверба во владејачката партија. Затоа со години го даваат мандатот токму на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев ги потценува граѓаните и затоа СДСМ нема доверба од народот.
Еве што друго покажа анкетата на ИРИ
За најзначајните општествени теми, интересно е дека и покрај сите напори на опозицијата за деградирање на владините политики и серијата протести, ВМРО-ДПМНЕ има рекордни два ипол до 3 пати поголема предност пред СДСМ.
На прашањето кој подобро би се справил со корупцијата за ВМРО-ДПМНЕ доверба дале 29% а за СДСМ само 6%. Политиката на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за името ја одобруваат 28% наспроти онаа на СДСМ во која веруваат само 11%.
28% од граѓаните одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ води добра политика кон НАТО и ЕУ наспроти СДСМ за кого истото го сметаат 12% од граѓаните. 29% наспроти 9% е предноста на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за обезбедување на владеењето на правото, а во областа на безбедноста предноста на ВМРО-ДПМНЕ е 33% наспроти 10% за СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и на прашањата од меѓуетнички карактер во сооднос 28% наспроти 6%.
Водство на партијата на Груевски и во водењето на локалната самууправа во сооднос која надминува 3:1, односно 33% за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 9% за СДСМ и Заев кој е градоначалник на Струмица
Големо водство на владејачката партија и кај она што најмногу ги интересира граѓаните, решавање на прашањето на невработеноста. Огромни 32% имаат доверба во Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наспроти само 9% кои го подржуваат СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


