| четврток, 6 декември 2018 |

Со филмот „Готвачката на претседателот“ ќе почне „Недела на франкофонскиот филм“

Со проекција на филмот “Готвачката на претседателот” во режија на Кристијан Венсан снимен минатата година во кинотеката на Македонија започнува “Недела на франкофонски филм”, што традиционално ја организира Францускиот институт во Скопје. Во неделата која ќе трае до 27 месецов ќе можеме да ги видиме и “Петтото одозгора”, “Балканска мелодија”, “Џинови”, “Невести” и унгарскиот “Такси Дермиа”. Неделата на франкофонски филм завршува в среда со омаж за Владо и Љубе Цветановски – првиот е документарец режиран до екипа на ЕСРА, а вториот “Мојот татко” е во продукција на МТВ. Манифестацијата која започнува на денот на франкофонијата во себе вклучува уште и изложба на плакати од француски филмови донесени од Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top