| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил што ги разбранува сите сетила

Не­кол­ку де­на пред офи­ци­јал­на­та пре­зен­та­ци­ја на ре­ди­зај­ни­ра­ни­от „си­тро­ен ДС5“, ко­ја тре­ба да се одр­жи на 3 март, не­по­сред­но пред Са­е­мот за авто­мо­би­ли во Же­не­ва, фран­цу­ска­та авто­мо­бил­ска ком­па­ни­ја „Си­тро­ен“, ко­ја е под ка­па­та на кон­цер­нот ПСА, офи­ци­јал­но ги об­ја­ви фо­то­гра­фи­и­те од ре­ди­зај­ни­ра­ни­от ДС5, кој е во мо­дра бо­ја.

Об­но­ве­ни­от фран­цу­ски мо­дел со зад­на вра­та од пре­ми­ум сег­мен­тот до­би ре­ди­зај­ни­ран пре­ден дел со но­ва ре­ше­тка за ла­дил­ни­кот и ДС знак во цен­трал­ни­от дел, а од стра­на се на­о­ѓа­ат ксе­нон­ски све­тил­ки со ЛЕД из­вед­ба, ба­зи­ра­ни на тие што ги има ДС3. На зад­ни­от дел од авто­мо­би­лот се ре­ди­зај­ни­ра­ни­те све­тил­ки и две из­дув­ни це­вки со хро­ми­ра­ни за­вр­ше­то­ци.

Citroen-DS-5-003

Во вна­треш­но­ста се на­о­ѓа нов мул­ти­ме­ди­ја­лен си­стем кој за­ме­ну­ва ду­ри 12 ана­лог­ни коп­чи­ња. Се ра­бо­ти за но­ва тех­но­ло­ги­ја ко­ја ја усо­вр­ши „Си­тро­ен“ и ко­ја овоз­мо­жу­ва при­ка­жу­ва­ње на со­др­жи­на­та на па­мет­ни­те те­ле­фо­ни на екра­нот во бо­ја осет­лив на до­пир.

Во пред­ни­те се­ди­шта се вгра­де­ни ма­са­же­ри и гре­ја­чи, а по­стои оп­ци­ја и да се ме­мо­ри­ра и по­лож­ба­та на се­де­ње на раз­лич­ни во­за­чи. Освен тоа, авто­мо­би­лот по­се­ду­ва и си­стем за влез и за па­ле­ње без упо­тре­ба на клуч, ам­би­ен­тал­но освет­лу­ва­ње, еле­ктро­ме­ха­нич­ки вна­тре­шен ре­тро­ви­зор, ау­ди­о­си­стем „де­нон“ и дво­зон­ски кли­ма-уред.

Ре­ди­зај­ни­ра­ни­от ДС5 до­би си­стем за пре­ду­пре­ду­ва­ње при „мр­тов агол“, си­стем за пре­ду­пре­ду­ва­ње за на­пу­шта­ње на па­те­ка­та, си­стем за авто­мат­ски дол­ги свет­ла, си­стем за кон­тро­ла на тра­е­кто­ри­ја­та и си­стем за по­мош при во­зе­ње во угор­ни­на. Во авто­мо­би­лот е вгра­де­на и ка­ме­ра за гле­да­ње на­зад, прис­по­соб­ли­ви фа­ро­ви и кон­тро­ла на си­гур­но­ста.

Citroen-DS-5-002

Ко­га ста­ну­ва збор за мо­то­ри­те што ќе би­дат вгра­де­ни во ДС5, „Си­тро­ен“ нај­а­ви со­се­ма но­ви мо­де­ли вклу­чу­вај­ќи го и бен­зин­ски­от ТХО 165, кој ис­по­ра­чу­ва 165 коњ­ски си­ли, со обр­тен мо­мент од 240 њутн-ме­три. Си­ла­та се пре­не­су­ва на пред­на­та оска пре­ку по­до­бре­ни­от шес­тсте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач.

ДС5 ќе би­де по­ну­ден со два ди­зел­ски агре­га­ти. Ед­ни­от мо­тор е со моќ­ност од 120 коњ­ски си­ли, со 300 њутн-ме­три и е до­ста­пен со шес­тсте­пен ма­ну­е­лен или авто­мат­ски ме­ну­вач, а дру­ги­от раз­ви­ва 180 коњ­ски си­ли, со обр­тен мо­мент од 400 њутн-ме­три и ќе се ну­ди иск­лу­чи­во со авто­мат­ски ме­ну­вач.

Citroen-DS-5-001

Па­ле­та­та на мо­то­ри ќе би­де про­ши­ре­на и со хи­брид­на вер­зи­ја на ди­зел­ски и на еле­ктри­чен мо­тор, ко­ја ќе ја со­чи­ну­ва­ат 2,0 ли­три тур­бо­ди­зел со 163 коњ­ски си­ли и еле­ктри­чен мо­тор со 37 коњ­ски си­ли.

Об­но­ве­на­та вер­зи­ја на ДС5 се оче­ку­ва да би­де ед­на од глав­ни­те ѕвез­ди на Са­е­мот за авто­мо­би­ли во Же­не­ва, а пр­ви­те при­ме­ро­ци ќе из­ле­зат од про­из­водс­тве­ни­те лен­ти на по­че­то­кот на ова ле­то.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top