| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски ги претстави мерките за вработување во Тетово

popvski.jpg-500
Директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, денеска оствари средба со група невработени, самовработени и работодавци од тетовскиот регион со цел да им се претстави Оперативниот план и активните мерки за вработување, но и да ги чуе нивни забалешки и предлози за подобрување на овие мерки.
Тој најави дека многу скоро ќе биде претставена и електронската адреса каде што сите заинтересирани ќе може да ги испратат своите предлози.

– Оперативниот план за вработување се спроведува од 2007 година и досега сме обработиле околу 74 илјади апликации за директно вработување, самовработување, субвенционирано вработување и обука. Според нашите податоци, врз основа на овие мерки околу 30 илјади граѓани се вработени. Голем успех имаме и со мерката за вработување млади до 29 година, каде што бројката изнесува над 7 илјади лица. Во тек се анализите и многу скоро ќе излеземе со подетални податоци за какви работни места станува збро, која е висината на платите и дали сме на вистинскиот пат со овие мерки – изјави Поповски.

Во рамките на денешната посета на Тетово, Поповски ја посети и текстилната фабрика „Едтко фешен“. Управителката Ленче Николовска информираше дека преку тетовското одделение на Агенцијата за вработување тие примиле 10 лица со субвенционирано вработување, односно шест месеци вака вработените земаат по 13 илајди денари од Агенцијата, а обврската на фабриката е да ги задржи дополнителни 12 месеци.

– Задоволни сме од досегашната соработка со Агенцијата за вработување. Што се однесува до 10-те работници, планираме да ги задржиме на работа и по завршувањето на предвидените 18 месеци бидејќи имаме потреба за проширување на производството, а со тоа и нови вработувања – истакна Николовска.

Таа информира дека „Едтко фешен“ во моментов има 72 вработени лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top