| четврток, 6 декември 2018 |

ИД ги ослободи сите христијани асиријци киднапирани во Сирија

1409280222_8996984_hirunews_Islamic-State-militants-behead-Kurdish-man-in-Iraq

Исламска држава ги ослободила сите христијани асиријци киднапирани во февруари од село во Сирија, соопшти Сирискиот центар за човекови права.

Според нив, ослободувањето на луѓето од селото Тел Тамар се случило по денешната молитва. Тоа е потврдено од претставник на асириската заедница.

Се смета дека околу 300 христијани асиријци, меѓу кои жени и деца, биле заложници. Во изминатите неколку дена џихадистите воделе преговори за ослободување со посредство на арапски племиња. За киднапираните ИД побарала откуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top