| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на германскиот избор за „Евровизија“

Преку телевизиско шоу, германските гледачи за свој фаворит го избраа блуз-пејачот Андреас Кумерт, кој, пак, на големо изненадување ,својата титула и ја предаде на 24-годишната пејачка Ане Софи, јавува „Дојче веле“.

За пејачот со нежен соул-глас вечерта се одвиваше прилично добро. Андреас Кумерт успеа да се пласира во финалето и покрај треската и грипот, а неговиот настап предизвика стоечки овации, за подоцна да биде прогласен и за победник преку телефонско гласање од страна на телевизиската публика. Кога Кумерт со зборовите: „ Јас сум само еден мал пејач“ објасни дека не сака да ја прими победата занеме дури и, инаку, зборлестата модераторка Барбара Шонебергер. Публиката реагираше на неговата одлука со свирежи додека Шонебергер се обиде да го премисли Кумерт. Меѓутоа тој остана цврсто на својот став и својата титула и ја предаде на пејачката Ан Софи, која се натпреваруваше со него во финалето, објави „Дојче веле“.

Инаку, вечерта беше зачинета со најразличен избор на нумери наменети за сечиј вкус: од наивен фолк-поп, па сѐ до минималистички електропоп-звуци.

Подоцна уште еднаш се почувствува затегнатоста на ситуацијата: и двајцата финалисти со придружба и со модераторката стапија на сцената кога со гласн извици беше објавен победникот Андреас Кумерт. Во историјата на овој светски натпревар не е познат сличен шокантен пример на откажување од неговото учество во финалето на евровизискиот сонг контекст, кој треба годинава да се одржи во Виена.

По една секунда молк, шоуто продолжи понатаму благодарение на снаодливата Барбара Шонебергер: без никаква консултација со телевизиското раководство, таа ја прогласи, очигледно, несигурната Ане Софи за победничка на вечерта и ја најави уште еднаш нејзината победничка песна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top