| четврток, 6 декември 2018 |

Белата куќа: Нема докази дека бунтовниците употребиле хемиско оружје

Вашингтон соопшти вчера дека не располага со докази за евентуална употреба на хемиско оружје од страна на сириските бунтовници и ја предупреди владата на Башар ал Асад дека употребата на такво нешто е целосно неприфатливо.

– Немаме никакви докази кои ги поткрепуваат обвинувањата дека сириската опозиција употребила хемиско оружје, изјави портпаролот на претседателот Барак Обама.

Дамаск и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат дека употребиле такво оружје, а тврдењата на Асад ги поткрепи и Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top