| четврток, 6 декември 2018 |

Индустриското производство во јануари поголемо за 1,1 процент

индустрија

Индустриското производство во јануари годинава во однос на јануари лани е зголемено за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во јануари годинава во однос на јануари лани бележи опаѓање од 9,1 процент, а пораст во секторите преработувачка индустрија бележи за 2,9 проценти и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 16,8 проценти.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2015 година, споредено со истиот месец лани  е  зголемено во секторот енергија за 5,7 проценти, капитални производи за 44,9 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 проценти. Опаѓање е евидентирано кај интермедијарни производи, освен енергија за 10,8 проценти и  трајни производи за широка потрошувачка за 12,7 проценти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top