Фондот за здравствено осигурување на Македонија ја информира јавноста во врска со барање за донација за лекување во странство од страна на мајката на детето Д.Ј.
ФЗОМ на детето веќе еднаш му има одобрено лекување во странство. Извршена е успешна хируршка интервенција на товар на ФЗОМ во 2014 година во Турција, за што, медиумите навремено ја известија јавноста. Постоперативно, детето е згрижено од Универзитетската клиника за детска хирургија и на Универзитетската клиника за ОРЛ и му се пружаат сите потребни здравствени интервенции. Терминот за кој мајката на детето кажува дека детето Д.Ј. треба да биде оперирано во Република Турција, се совпаѓа со закажаниот термин за редовна интервенција во Универзитетската клиника за детска хирургија. ФЗОМ и универзитетските клиники за детска хирургија и ОРЛ се зачудени од искажувањата на мајката, која бара средства за донации за лекување што е веќе извршено на товар на Фондот. Фондот останува доследен во спроведување на владината програма за лекување во странство за сите осигуреници за 12.000 денари – велат од Фондот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст