Со финансиска поддршка на Министерството за култура, Националната установа Музеј-Куманово почнува со археолошките истражувања на локалитетот Костоперска Карпа или Жеглиговски Камен – импозантна базалтна карпа од вулканско потекло во околината на Младо Нагоричане – информираат од Министерството за култура.
Според досегашните истражувања на локалитетот Костоперска Карпа е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки и културен живот. Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот, а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и стаклена паста и бронза. Во минатото тука постоеле дури 40 цркви поради кои местото било нарекувано Мала Света Гора, а во подножјето на карпата се наоѓаат сочуваните средновековни цркви „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и повеќе гробови.
Според археолозите, на овој простор се наоѓа и ранохристијанска базиликална црква, која се користела за погребување, како и остатоци од средновековни ѕидини. Особено се издвојува подземна просторија, која сѐ уште не е доистражена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст