Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стока од Република Македонија во јануари 2015 година изнесува 335, 6 милиони долари, а на увозот 422,3 милиони долари. Покриеноста на увозот со извоз е 79,5 проценти. Трговскиот дефицит, во јануари 2015 година, изнесува 86,6 милиони долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на спроводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.
Во јануари 2015 година, најголемо учество во извозот на стока имаат земјите-членки на ЕУ 28 (80,1 процент) и земјите од Западен Балкан (8,4 проценти, а во увозот на стока најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (64,6 проценти) и други земји, на друго место неспомнати (11,2 проценти). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Бугарија, Кина и Србија (55,3 проценти од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид
-
Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно