УНЕСКО го нарече воено злосторство уништувањето со булдожери на древниот асириски град во северен Ирак од страна на припадници на Исламска држава.
„Не можеме да замолчиме. Намерното уништување на културното наследство е воено злосторство и ги повикувам сите политички и религиозни лидери во реонот да се спротивстават на ова варварство“, се наведува во соопштението на генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова.
Инаку, екстремистичката група Исламска држава денеска почна со уништување на древниот асириски град Нимруд во Ирак, соопшти ирачката Влада, што е најнов напад на џихадистите врз културното наследство на оваа блискоистична држава.
ИД го нападна историскиот град Нимруд и го уништи со тешки возила, соопшти ирачкото Министерство за туризам и за антиквитети.
Ирачки претставник ја потврди оваа информација истакнувајќи дека уништувањето почнало по молитвата напладне и дека камиони, со кои, веројатно, се одвлечени уметничките предмети, се забележани на местото.
– Засега не знаеме во кој обем е уништен – рече претставник, кој инсистираше да остане анонимен.
Нимруд, кој е основан во 13 век пред новата ера, се наоѓа на реката Тигар, околу 30 километри југоисточно од Мосул, втор по големина ирачки град и упориште на ИД во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО