Сообраќајна несреќа во која учествуваа четири автомобили утрово го закочи сообраќајот на булеварот „Илинденска“ во скопската насеблба Карпош.
Портпаролот на СВР Скопје Лиза Бендевска вели дека прчинета е само материјална штета и засега никој не се пожалил на повреда.
Несреќата се случила утрово во 9 часот на раскрсницата на булеварите „Илинден“ и „8 септември“. Во судирот учествувале четири автомобили со скопски регистерски таблички – „пежо“, „нисан“, „шкода“ и „опел“.
Сообраќајот засега е во прекин, се очекува нормализирање наскоро.
Фото: Александар Ивановски „Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.