| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен водачот на терористичката организација Aл-Нусра

shami-S1_784139S1Командантот на терористичката организација Aл-Нусра, Абу Хумам ал-Шами е убиен синоќа при воздушен напад, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на два извора.

Ал-Шами е највисокиот ликвидиран претставник на организацијата од нејзиното формирање во 2012 година, кој се борел во Авганистан, Ирак и Сирија. Според изворите на „Ројтерс“, во воздушен напад на коалициските сили било погодено местото каде што се одвивал состанок на високи претставници на фронтот Нусра во северозападната сириска покраина Идлиб.  „Би-Би-Си“, пак, информира дека нападот е извршен од авијацијата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top