Вашите нокти
1. Ако забележите темни линии
Бемки по телото не се единствените предупредувања за рак на кожа – оваа болест може да се појави и под вашите нокти. Жолтеникави, кафени или црни линии под ноктите се знак на оштетување на клетките, најверојатно од меланом, најсмртоносниот облик на рак на кожата, вели д-р Ариел Остад, дерматолог во Њујорк. Но, со рано откривање и третман, до 95% од случаите се излечиви, затоа консултирајте се со вашиот дерматолог.
2. Ако забележите светло бели линии
Сите имаме бели точки на ноктите понекогаш (најчесто тоа е знак дека сте си го удриле прстот од фиока), но ако забележите долги хоризонтални обезбоени ленти на површината на ноктот, а исто така чувствувате замор, тоа може да биде лоша вест за вашите бубрези.
Овие линии може да бидат сигнал дека бубрезите не се способни да филтрираат протеини од урината. Тоа значи дека телото губи протеини побрзо од што добива и може да доведе до откажување на бубрезите. Посетете го вашиот доктор за тест на урината.
Вашите пазуви
3. Ако забележите парчиња груба, темна кожа
Овие парчиња на погруба и потемна кожа може да укажат на дијабетес. Вишокот инсулин во крвта може да предизвика извесни клетки во кожата да се размножат пребрзо, што води до израстоци на ткивата и повеќе меланин.
Тоа прави кожата да личи потемна и подебела. Ова најчесто се случува под пазувите, на вратот, или на препоните. Едноставен тест за испитување на шеќер во крвта може да потврди дали ја имате оваа болест, што е доста честа.
4. Ако забележите мали, меки, бели израстоци
Ова се мали депозити на холестерол. За жал, додека да се појават веќе нивото на холестерол е превисоко, а тоа е сериозен ризик за срцева болест. Консултирајте се со вашиот доктор за проверка на холестеролот и прашајте го да ви укаже на измените во начинот на живот кои мора да ги направите или да ви препише лекови кои може да го намалат високото ниво на холестерол во крвта.
Вашиот скалп на главата
5. Ако вашата коса многу опаѓа
Прекумерно губење на косата може да е показател за растројство на тироидната жлезда.Кога тироидата (жлезда која се наоѓа на средината на вратот) работи премногу или премалку, може да се наруши рамнотежата на машки и женски хормони во телото. Резултат од ова е и опаѓање на косата. Вашиот доктор може да го измери количеството на тироидни хормони, и ако е премалку или повеќе, потребни се лекови за да се регулира.
6. Ако забележите премногу првут
Премногу стрес прави вашето тело да лачи повеќе од хормонот кортизол. Овој хормон не само што го ослабува вашиот имунолошки систем (значи дека ќе бидете повеќе подлежни на настинки), го менува вашиот метаболизам (значи дека ќе бидете подлежни на прекумерна тежина), туку и го суши вашиот скалп.
Еден едноставен шампон против првут ќе ви помогне, но ако сакате да го отстраните проблемот од корен, пробајте да спиете повеќе, дишете подлабоко, ослободете се од стресот и скратете ги обврските.
Вашиот стомак
7. Ако забележите густи, црни влакненца
Густи, груби влакна под и околу вашиот папок може да се знак за полицистични јајници, вели д-р Памела Баренс, гинеколог од Тексас. Предизвикани од прекумерна продукција на андрогени, оваа состојба на јајниците подразбира нередовни и обилни менструации, зголемување на тежината, акни, густи и груби влакна на стомакот, лицето, градите и грбот. Полицистични јајници може да бидат ризик од посериозни проблеми како неплодност и болести на срцето. Ако ги имате овие симптоми, консултирајте се со вашиот гинеколог, тој може да ви препише лекови за да ги регулирате хормоните.
Вашиот јазик
8. Ако забележите бел, жолт или портокалов слој
Ако вашиот јазик личи како некој да го обоил со светли бои, тоа е сигнал за рефлукс на киселини од стомакот. Вообичаено, хранопроводот не дозволува киселините и храната од желудникот да се вратат нагоре. Но кога овој баланс е нарушен, содржината од желудникот се враќа нагоре до устата, фарбајќи го јазикот и оставајќи ве вас со лош здив. Оваа состојба се третира со антациди кои може да ги купите без рецепт, или едноставно со избегнување на кисела или зачинета храна. Ако овие мерки не се успешни, консултирајте се со вашиот доктор. Во тој случај, можеби ви требаат лекови кои ќе ја намалат количината на киселината во вашиот желудник.
Вашите очи
9. Ако забележите подочњаци кои никако не поминуваат
Освен ако не сте хронично ненаспани, ненадејна појава на подочњаци укажува на алергии. Имено, просецот е следниов: некои алергени го напаѓаат вашето тело, кое пак одговара со тоа што испушта хистамин. Оваа хемикалија прави крвните садови да се подујат со крв и други течности и оттаму темни кругови се појавуваат таму каде што кожата е најтенка. Обичен алерго-тест може да ви каже кој алерген ги предизвикува вашите симптоми.
10. Ако забележите жолтеникава грутка на окото
Не, не сте добиле редок случај на оптички мозолчиња. Наместо тоа, малку подигнат чвор на белката од окото е симптом на безопасната состојба наречена pinguecula.“Не е ништо повеќе од прекумерен раст на колаген предизвикан од оштетување од сонце, ветер или прашина” вели д-р Трејси Голдстин, офталмолог од Њујорк. Одржувајте ги очите влажни со капки и носете наочари против UVA и UVB зраци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.