| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија нема алтернатива за рускиот гас

Ivailo_KalfinБугарија во моментов не гледа алтернатива на испораката на руски гас за Европа, изјави денеска во Москва бугарскиот вице-премиер Ивајло Калфин.

– Европа се обидува да ги ограничи испораките на руски гас, но во овој момент за него нема алтернатива. Тоа не е само мој став, туку и став на Владата на Бугарија, изјави Калфин, кој престојува во посета на Русија.

Калфин смета дека нема никаква економска оправданост за намалување на обемот на испораки на рускиот гас за Европа, потсетувајќи дека Русија сега задоволува околу 40 проценти од потребите за енергенсот на европските поторшувачи.

– Треба да работиме заедно и да обезбедиме најповолба ипорака на рускиот гас во Европа, потенцира Калфин.

Според него, Бугарија е принципелно заинтересирана да добива руски гас и да биде транзит на енергесот до другите земји-членки на ЕУ.

– За нас би било најдобро доколку рускиот гас за ЕУ се испорачува преку Бугарија, нагласи Калфин.

Тој сепак потенцира дека потрошувачката на руски гас во Бугарија не е „толку голема – 3,5 до четири милиони метри кубни годишно“, па Софија е подготвена и да разгледа алтернативни извори на енергенсот.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера по средбата со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Софија, изјави дека Бугарија се залага за одмрзнување на проектот за изградба на гасоводот „Набуко“, поточно на делот што минува низ нејзина територија.

Како што јави БТА, Борисов нагласи дека Бугарија заедно со Азербејџан пред Европската комисија ќе презентира предлог за возобновување на проектот „Набуко“.

– Во овој случај имаме проект („Набуко“), кој е и про-НАТО и европски и во кој со години инвестиравме пари, изјави Борисов, додавајќи дека Бугарија би имала полза од изградбата на гасоводот, кој воедно на земјата ќе и обезбеди стратешка предност.

Гасоводот „Набуко“ е замислен како алтернатива на испораката на руски гас за Европа и тој треба да пренесува гас од Азербејџан, преку Турција, Бугарија, Романија и Унгарија до Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top