Сопственикот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, обелодени како избира кого од кандидатите за вработување во неговата компанија да го ангажира.
Кога ќе се запознае со потенцијалниот иден работник, најбогатиот млад бизнисмен во светот си поставува само едно прашање, пишува „Дејли мејл“.
– Си го поставувам прашањето дали е тоа личноста за која и јас самиот би работел – изјави Цукенберг во обраќањето на конгресот „Мобајл ворлд“ во Барселона. –
Тоа е многу добар тест – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.