| четврток, 6 декември 2018 |

Маската „Ангели и демони“ ја доби првата награда на струмичкиот карневал

Маската „Ангели и демони“ од СОУ „Никола Карев“ ја доби првата награда за маска со над 50 учесници на годинашниот Струмички карневал. Претседателот на Организацискиот одбор Александар Цицимов им ги врачи наградите на најуспешните маки на „Струмичкиот карневал 2013“.

Strumica carnival

Првото место и награда од 800 евра им ја додели на маската со над 50 учесници под наслов „Ангели и демони“ на средното општинско училиште „Никола Карев“ од Струмица. Во конкуренција на групни маски над 20 учесници, прва награда и 500 евра доби маската под наслов „Жешки игуани“, а во категоријата маска над 10 учесници првата награда ја доби маската со наслов „Струмички сладолед–млечко“. Во групата поединечни маски –современа тема маската под наслов „Роденденска торта“ ја доби првата награда и 10.150 денари.

Вкупниот награден фонд  на годинашниов „Струмички карневал 2013“ изнесуваше 5.380 евра кои ги обезбедија општина Струмица и генералните спонзори на Струмичкиот карневал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top