| четврток, 6 декември 2018 |

Правна и политичка разрешница

По при­знанијата на де­лата во це­лост, ме­ѓу дру­го­то и со­ра­бо­тка­та со стран­ски служ­би, на дел од приведените во ак­ци­ја­та „Пуч“, афе­ра­та со прис­лу­шу­ва­ње­то раз­го­во­ри тре­ба, и мо­ра, да има прав­на, ин­сти­ту­ци­о­нал­на и по­ли­тич­ка раз­реш­ни­ца, а спо­ред нај­а­ви­те на пре­ми­е­рот Гру­ев­ски тоа не оп­фа­ќа пред­вре­ме­ни из­бо­ри ни­ту, пак, тех­нич­ка вла­да

Раз­вр­ска­та на слу­ча­јот „Пуч“ не­ма да ре­зул­ти­ра со тех­нич­ка вла­да. Не­ма да пре­диз­ви­ка ни­ту пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Овој слу­чај тре­ба, и мо­ра, да има прав­на, ин­сти­ту­ци­о­нал­на и по­ли­тич­ка раз­реш­ни­ца, нај­а­ви пре­тсе­да­те­лот на ма­ке­дон­ска­та вла­да, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, кој прв­пат по обз­на­ну­ва­ње­то за ак­ци­ја­та „Пуч“ да­де од­го­вор на ни­за­та пра­ша­ња кои се по­ја­ви­ја во јав­но­ста. Исто ка­ко и во пр­во­то обра­ќа­ње по ак­ци­ја­та „Пуч“, во ко­ја За­ев е че­твр­то­о­сом­ни­чен, Гру­ев­ски и овој пат упа­ти се­ри­оз­ни по­ли­тич­ки по­ра­ки и до до­маш­на­та и до ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност.

- Ние мо­ра да се од­бра­ни­ме за­ед­нич­ки. И ќе ус­пе­е­ме. Про­во­ка­ции ќе има мно­гу. Не­кој са­ка сце­на­рио кое ќе фи­ни­ши­ра со на­силс­тво и со се­ри­оз­на кри­за. Ние не­ма да го доз­во­ли­ме тоа – из­ја­ви Гру­ев­ски.

Всуш­ност, обра­ќа­ње­то на пре­ми­е­рот на 25 фе­вру­а­ри е пр­во во мно­гу ас­пе­кти. Се случи веднаш по признанието на делата по кои се товарат на дел од приведените за учес­тво во прис­лу­шу­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от по­ли­тич­ко-оп­штес­твен естаб­лиш­мент во со­ра­бо­тка со стран­ска служ­ба. Ова бе­ше пр­во обра­ќа­ње на премиерот на те­ма­та „Пуч“ по об­ја­ву­ва­ње­то од не­го во јав­но­ста де­ка опо­зи­ци­ски­от ли­дер Зо­ран За­ев го уце­ну­вал за фор­ми­ра­ње тех­нич­ка вла­да за­ка­ну­вај­ќи му се де­ка сни­ме­ни­те те­ле­фон­ски раз­го­во­ри ме­ѓу ви­со­ки по­ли­тич­ки функ­ци­о­не­ри ќе би­дат об­ја­ве­ни. Исто­вре­ме­но, ова е и пр­во­то обра­ќа­ње на пре­тсе­да­те­лот на Вла­да­та за „Пуч“ отка­ко За­ев, она­ка ка­ко што нај­а­ви, поч­на да ги пре­зен­ти­ра во јав­но­ста „ком­про­ми­ти­рач­ки­те ма­те­ри­ја­ли“ – бом­би од сни­ме­ни раз­го­во­ри со кои се до­ка­жу­ва „кри­ми­нал­но­то вла­де­е­ње на оваа власт“.

- Со приз­на­ва­ње­то на де­ло­то на еден од уап­се­ни­те пад­наа во во­да си­те об­ви­ну­ва­ња на опо­зи­ци­ја­та де­ка ние сто­и­ме зад прис­лу­шу­ва­ње­то, за што, всуш­ност, тие не­ма­ат ни­ту еден до­каз – по­со­чи Гру­ев­ски.

- Тоа им бе­ше са­мо па­ра­ван за да поч­нат со об­ја­ву­ва­ње и јав­но­ста да ги ос­ло­бо­ди од се­ка­ква од­го­вор­ност и да ги раз­бе­ре де­ка, не­ли, тие би­ле ре­пре­си­ра­ни и се­га ќе об­ја­ву­ва­ат ка­кви не­лу­ѓе сме би­ле ние. Па, шпе­ку­ли­раа со раз­лич­ни број­ки, де­ка има­ло 26 ил­ја­ди прис­лу­шу­ва­ни, па 20 ил­ја­ди и слич­но, се­то тоа на­мен­ски, за да соз­да­дат страв кај лу­ѓе­то де­ка којз­нае што има­ат за не­кој од нив, од­нос­но да има­ат мож­ност да го ба­лан­си­ра­ат гне­вот на гра­ѓа­ни­те од фа­ктот де­ка ед­но ли­це ка­ко Зо­ран За­ев го има нив­ни­от при­ва­тен жи­вот на ком­пакт диск, де­ка го ури­ва си­сте­мот на оваа зем­ја, де­ка ди­рект­но ги на­ру­шу­ва др­жав­ни­те ин­те­ре­си и ја ури­ва при­ват­но­ста на гра­ѓа­ни­те, оце­ни пре­ми­е­рот Гру­ев­ски.

 

Гру­ев­ски: Не­ма да доз­во­ли­ме на­силс­тво

Мно­гу­ми­на пра­шу­ва­ат ка­ко би мо­же­ло да за­вр­ши се­во ова? На ова пра­ша­ње гра­ѓа­ни­те ќе го да­дат сво­јот од­го­вор, пре­ку до­вер­ба­та ко­ја ја да­ва­ат и ќе ја да­дат на си­те нас на по­ли­тич­ка­та сце­на. Вре­ме­то и гра­ѓа­ни­те се клу­чот, од­нос­но нив­на­та опре­дел­ба да­ли са­ка­ат да би­дат вов­ле­че­ни во ова де­стру­ктив­но сце­на­рио, под­го­тве­но и спа­ку­ва­но од стра­на, или ќе се на­со­чат кон ре­ал­ни­те проб­ле­ми и на тоа кој ќе има по­до­бра по­ну­да и по­до­бри ре­ше­ни­ја за нив­ни­те проб­ле­ми, по­до­бра про­гра­ма и ре­зул­та­ти.

Овој ре­цепт за ур­ни­су­ва­ње на др­жа­ва­та пре­ку кре­и­ра­ни ма­те­ри­ја­ли во со­ра­бо­тка со стран­ски служ­би, со на­ве­ду­вач­ки во­ве­ди на прес-кон­фе­рен­ции, на­ша­та опо­зи­ци­ја тре­ба да го па­тен­ти­ра. Ва­кво не­што до­се­га ни­ко­му не му тек­на­ло. За­мис­ле­те кол­ку сѐ би би­ло по­лес­но ако се­кој што пре­тен­ди­ра да би­де се­ри­о­зен по­ли­ти­чар или пар­ти­ја и да во­ди ед­на др­жа­ва, поч­не да со­ра­бо­ту­ва со служ­би и да кре­и­ра ма­те­ри­јал за да ја оцр­ни вла­ста. То­гаш не се по­треб­ни ни про­е­кти, ни про­гра­ма, ни стру­чен ка­дар, то­гаш е по­тре­бен са­мо еден чо­век кој е до­вол­но оча­ен, до­вол­но ла­ком, до­вол­но слаб за да при­фа­ти да со­ра­бо­ту­ва и да при­бег­не кон ва­кво сце­на­рио. Но, вре­ме­то, вре­ме­то ќе им го да­де нај­јас­ни­от од­го­вор на си­те нив, но и на оние кои во да­ден мо­мент ќе се по­ко­ле­ба­ат и на оние кои ќе им пов­ли­ја­ат во ова сце­на­рио.

При об­ли­ку­ва­ње на прет­ста­ва­та за си­те нас, гра­ѓа­ни­те нѐ ана­ли­зи­ра­ле, гле­да­ле ка­ко се од­не­су­ва­ме, ка­ко ра­бо­ти­ме, да­ли пра­ви­ме до­бро или ло­шо. Гра­ѓа­ни­те нѐ поз­на­ва­ат дол­го вре­ме, мно­гу дол­го, и има­ат јас­на сли­ка што мо­же­ме да на­пра­ви­ме, а што не. Што е израз на нер­во­за, на лу­ти­на, вер­бал­ни на­вре­ди, а што е су­шти­на на на­ши­те ка­ра­кте­ри. Ние, се­пак, сме са­мо лу­ѓе, со си­те на­ши сла­бо­сти и со си­те на­ши ма­ни. И ние се ра­ду­ва­ме, се сме­е­ме, се нер­ви­ра­ме, по­го­де­ни од на­вре­ди, кле­ве­ти, ме­стен­ки, и ние та­жи­ме при за­гу­би или лич­ни вред­нос­ни по­ра­зи. И ние сме лу­ѓе. Гле­дам во из­ми­на­ти­ов пер­и­од глав­на за­да­ча ко­ја си ја за­да­ла опо­зи­ци­ја­та е да нѐ на­пра­ви мон­стру­ми, да нѐ на­пра­ви не­чо­веч­ни. И мо­рам да приз­на­ам де­ка со­вет­ни­ци­те од стра­на до­бро ги со­ве­ту­ва­ле ка­ко да трг­нат. Нор­мал­но, цел­та им е да мо­би­ли­зи­ра­ат на­род кој тре­ба да им по­ве­ру­ва на нив­ни­те кле­ве­ти и кон­струк­ции и да поч­нат со про­те­сти, па да про­дол­жат со пу­шта­ње кре­и­ра­ни сним­ки, па про­те­сти, ве­ро­јат­но и не­кое на­силс­тво, и та­ка да се за­ни­ма­ва­ме со ова, и бу­квал­но да нѐ кид­на­пи­ра си­те нам со­се це­ла­та јав­ност во тој ви­тел, а на­стра­на од ре­ал­ни­те те­ми и од по­тре­би­те на гра­ѓа­ни­те.

Ту­ка са­кам да истак­нам две ра­бо­ти:

Гра­ѓа­ни­те нѐ поз­на­ва­ат кои сме и ка­кви сме. Со нив сме ре­чи­си де­вет го­ди­ни, не­кои од нас и по­дол­го, и ни ги зна­ат и на­ши­те ма­ни и на­ши­те доб­ле­сти, и што мо­же­ме и има­ме ср­це да на­пра­ви­ме и што не мо­же­ме да на­пра­ви­ме.

Од се­кој гра­ѓа­нин за­ви­си кол­ку ќе трае ова и кол­ку ќе го оку­пи­ра не­го­во­то вни­ма­ние.

На­ши­от план е да се бо­ри­ме про­тив ова што ѝ се слу­чу­ва на на­ша­та др­жа­ва. И под тоа мис­лам да се бо­ри­ме со ар­гу­мен­ти, со фа­кти, со на­ше­то ви­стин­ско ли­це, а тоа е она кое гра­ѓа­ни­те го поз­на­ва­ат си­те овие го­ди­ни. Ние сме исти­те тие што ги зго­ле­му­ваа пла­ти­те, пен­зи­и­те и со­ци­јал­на­та по­мош, тр­ча­ат по све­тот по ин­ве­сти­то­ри и при­до­не­су­ва­ат за отво­ра­ње но­ви ра­бот­ни ме­ста, пра­ват про­гра­ми за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње, гра­дат па­ти­шта, бол­ни­ци, ин­ве­сти­ра­ат во здрав­ство­то, им по­ма­га­ат на зем­јо­дел­ци­те, са­ка­ат да по­пра­ват не­што во обра­зо­ва­ни­е­то, исти­те што да­ва­ат бесп­лат­ни учеб­ни­ци, комп­ју­те­ри за се­кое де­те, но­ви авто­бу­си, бу­ле­ва­ри, во­до­вод­ни и ка­на­ли­за­ци­ски мре­жи. Ние сме исти­те тие што ра­бо­теа и сѐ уште ра­бо­тат со пол­на па­реа на ре­ал­ни­те проб­ле­ми, со на­ша про­гра­ма и ве­ту­ва­ња зад кои сто­и­ме. Мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни гла­саа за нас во кон­ти­ну­и­тет ре­чи­си де­вет го­ди­ни. Има­ме свои сла­бо­сти, гре­шки, про­пу­сти, но тие ни­ко­гаш не се од стра­те­ги­ско зна­че­ње. Се тру­ди­ме мно­гу. Гра­ѓа­ни­те нѐ поз­на­ва­ат кои сме. Јас сум убе­ден де­ка ова што се слу­чу­ва се­га со си­те об­ви­ну­ва­ња на опо­зи­ци­ја­та и на­ле­тот на ме­ди­у­ми што се бли­ски до неа, со тоа што ста­ва­ат во кон­текст искре­и­ра­ни ма­те­ри­ја­ли од раз­го­во­ри, гра­ѓа­ни­те не­ма да го при­фа­тат, ка­ко што сум убе­ден де­ка вие мно­гу до­бро нѐ поз­на­ва­те и вни­ма­тел­но ќе ги сле­ди­те си­те де­та­ли по­вр­за­ни со ова.

Нер­во­за, пцо­сти, гнев, лич­ни не­га­тив­ни чув­ства, пре­зир кон не­ко­го, вер­бал­ни ре­ак­ции од кои по­доц­на сме се сра­ме­ле или за кои сме се по­ка­ја­ле си­те ние сме иска­жа­ле на раз­ли­чен на­чин, но важ­но е тие да не се су­шти­на­та на на­ше­то од­не­су­ва­ње. И вие до­бро зна­е­те и гра­ѓа­ни­те до­бро зна­ат де­ка не се, кол­ку и не­кој да са­ка да ни го за­ле­пи тоа свес­но ста­вај­ќи го во одре­ден кон­текст ба­зи­ран на кре­и­ра­но сце­на­рио.

Ние мо­ра­ме да се од­бра­ни­ме за­ед­нич­ки. И ќе ус­пе­е­ме.

Про­во­ка­ции ќе има мно­гу. Не­кој са­ка сце­на­рио кое ќе фи­ни­ши­ра со на­силс­тво и со се­ри­оз­на кри­за. Ние не­ма да го доз­во­ли­ме тоа.

 

Тех­нич­ка вла­да не­ма, За­ев не­ка се по­ма­чи на ре­дов­ни из­бо­ри

- Ако са­кав да при­фа­там (тех­нич­ка вла­да, н.з.), ќе при­фа­тев ко­га За­ев ме уце­ну­ва­ше и ус­ло­ву­ва­ше со си­те овие сним­ки. Зна­чи од­го­во­рот е „не“ – по­со­чи Гру­ев­ски на но­ви­нар­ско пра­ша­ње по обра­ќа­ње­то до јав­но­ста. Не оста­на дол­жен ни­ту за ста­вот де­ка по­ли­тич­ка­та раз­реш­ни­ца на оваа кри­за не­ма да се нај­де во пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри.

Груевски по­со­чи де­ка не­мал цел да го за­мол­чи За­ев или да го спре­чи об­ја­ву­ва­ње­то на сним­ки­те, од­нос­но де­ка то­гаш ло­гич­но би би­ло да ги при­фа­ти не­го­ви­те уце­ни и ба­ра­ња­та за тех­нич­ка вла­да.

- Но, јас не го на­пра­вив тоа. Ов­де игра­та не е Зо­ран За­ев, тој е са­мо еден нај­о­би­чен ин­стру­мент, ка­ми­ка­за, ов­де игра­та е мно­гу по­го­ле­ма, пре­го­ле­ма за не­го­ви­те сфа­ќа­ња. Јас не сум чо­век кој функ­ци­о­ни­ра под за­ка­ни и уце­ни, тоа е не­при­фат­ли­во кон гра­ѓа­ни­те и кон др­жа­ва­та, да кал­ку­ли­рам за на­ци­о­нал­ни­те и за др­жав­ни­те ин­те­ре­си. Си­те фа­кти и окол­но­сти тре­ба, и ве­ру­вам де­ка ќе се утвр­дат низ транс­па­рент­на и об­је­ктив­на по­стап­ка – истак­на Гру­ев­ски.

Ап­со­лут­но е не­точ­но, по­со­чи тој, де­ка на сред­би­те сме при­фа­ти­ле тех­нич­ка вла­да.

- Ако сум при­фа­тил та­ква ра­бо­та, то­гаш зо­што СДСМ не се вра­ти во Со­бра­ни­е­то би­деј­ќи тоа бе­ше нив­ни­от гла­вен ус­лов. Се ра­бо­ти за кла­сич­на ма­ни­пу­ла­ци­ја – истак­ну­ва Гру­ев­ски.

Оста­ну­ва­ње­то на опо­зи­ци­ја­та над­вор од Пар­ла­мен­тот, ка­ко и афе­ра­та со прис­лу­шу­ва­ње­то, вле­гоа и во из­ве­шта­јот на Европ­ски­от пар­ла­мент за на­пре­до­кот на Ма­ке­до­ни­ја. Иа­ко и овој пат Евро­пар­ла­мен­тот, и по­крај же­сто­ки­те грч­ки про­ти­ве­ња со ар­гу­мен­ти­те ток­му кои ги по­со­чу­ва опо­зи­ци­ја­та, ус­пеа да про­тур­ка из­ве­штај со кој по ше­сти пат се ба­ра ит­но отво­ра­ње на евро­ин­те­гра­тив­ни­те пре­го­во­ри, оста­ну­ва отво­ре­но пра­ша­ње­то кол­ка­ва кри­за мо­же да пре­диз­ви­ка ва­кво­то од­не­су­ва­ње. Ка­ко ед­на од мер­ки­те за кои се ди­ску­ти­ра од над­вор е т.н. ал­бан­ски мо­дел, од­нос­но да по­мог­нат евро­пра­те­ни­ци­те од се­стрин­ски­те пар­тии. Гру­ев­ски, пак, по­со­чи де­ка не е про­тив по­сред­ни­ци.

- До­бре­дој­ден е се­кој што до­а­ѓа со искре­ни и со чес­ни на­ме­ри да ѝ по­мог­не на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја – кра­тко од­го­во­ри пре­ми­е­рот.

Ди­ја­лог со опо­зи­ци­ја­та е при­фат­лив во Пар­ла­мен­тот би­деј­ќи вра­ќа­ње­то на опо­зи­ци­ја­та во Пар­ла­мен­тот е на­чи­нот за из­лез од кри­за­та. Но, до­да­ва Гру­ев­ски, тие са­ми­те тре­ба да се вра­тат во Со­бра­ни­е­то би­деј­ќи за тоа се из­бра­ни од на­ро­дот. Во таа на­со­ка, Гру­ев­ски по­со­чи де­ка е под­го­твен да раз­го­ва­ра за по­до­бру­ва­ње на со­стој­ба­та во Ма­ке­до­ни­ја во се­кој мо­мент, освен за тех­нич­ка вла­да.

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 130. број на неделникот „Република“, 27.02.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top