| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов го следи случајот со дедо Љубе

Во согласност со Законот, постапка за помилување за ослободување од кривично гонење може да се поведе од министерот за правда по службена должност во секој стадиум на кривичната постапка, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, пренесува „Телеграф“.

Претседателот Иванов го следи интересот и вниманието во македонската јавност за овој специфичен случај за дедо Љубе, како и пројавените иницијативи за него, велат за „Телеграф“ од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Граѓани покренаа иницијатива за ослободување на дедо Љубе од кривично гонење, со најава дека истата ќе биде поднесена до претседателот Иванов.

Од кабинетот на претседателот, за „Телеграф“, нагласија дека се следи целиот случај, при што се изразува и очекување дека институциите ќе постапат и правно и морално во овој специфичен случај.

– Македонскиот претседател очекува од институциите да постапуваат во согласност со правните и морални норми. Во согласност со Законот, постапка за помилување и за ослободување од кривично гонење може да се поведе од министерот за правда по службена должност, во секој стадиум на кривичната постапка, велат од Кабинетот.

Од Кабинетот нагласуваат и дека со измените на Законот за помилување од 2009 година, можноста за директно одлучување за ослободување од кривично гонење (т.н. аболиција) од страна на Претседателот на Република Македонија е исклучена како опција.

Повеќе за овој случај прочитајте на „Телеграф“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top