Западните земј,и наместо да соработуваат, создаваат нови линии на поделба, а како цел ја избираат Русија, изјави за медиумите рускиот заменик-министер за одбрана, Анатолиј Антонов.
– Наместо да ги обединиме силите во борбата со злото, од кои најважен е тероризмот, западните земји создаваат нови линии на поделба.. Како цел сега е избрана Русија – изјави Антонов.
Според рускиот заменик-министер за одбрана, во моментов меѓународниот безбедносен систем е поткопан од дејствата на САД и нивните сојузници, и во овој момент е невозможно да се поврати заемната доверба.
– Не може денес НАТО да биде гарант за слободата и демократијата во светот, како што тоа го зборуваат во Брисел – истакна Антонов.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.