| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: „Телма“ да одговори кој им прави притисок и нарачува вести?!

vmroОтворено ја прашуваме телевизија „Телма“ пред целата јавност да каже со име и презиме кој се јавувал и правел притисоци кај нив. Тоа е најважно во овој момент. Ако не се соопшти директно, тоа ќе значи дека „Телма“ прави површен маркетинг на сметка на божемна борба против притисоци.  ВМРО-ДПМНЕ инсистира „Телма“ да објавува прилози какви што сака и да не прифаќа никакви притисоци. Но, во една ваква политичка ситуација, телевизија „Телма“ со вакви чудни маркетиншки потези само добива сивило, кое ни црвен телефон не може да го промени – стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ откако синоќа, телевизија „Телма“ почна со кампања – „Не примаме нарачани вести, ниту од власта ниту од опозицијата“.

jasminka-crven-telefon
Од партијата додаваат дека треба работите да се кажуваат со име и презиме.

-ВМРО-ДПМНЕ бара јавно да се каже кој прави притисок врз „Телма“ и инсистира да не се ставаат сите политичари во ист кош. Телевизија „Телма“ по овој потег има силна обврска пред јавноста да каже кој ѝ вршел притисок. Ако „Телма“ не го направи тоа, тогаш ќе остане јасно дека црвени телефони и површен маркетинг за слобода им се позначајни од транспарентноста и точното информирање. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прашува Телма да објави кој и правел притисоци, се додека не објави. Тоа е наша должност за да се спротивставиме заеднички на сите обиди за манипулација на јавноста.
На јавноста, откако Телма направи ваков чекор, не и се доволни црвен телефон и маркетинг директор кој го смислил ова. На јавноста и треба име и презиме кој и кога правел притисок врз оваа телевизија – велат од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top