Од вчера во вестите на телевизија „Телма“ и во наредните денови ќе биде присутен црвен телефон како дел од кампањата со која оваа телевизија ќе се бори против притисоците врз новинарите и цензурата. Црвениот телефон е присутен и во емисијата „Топ тема“ на „Телма“, што е всушност дел од кампањата со порака до јавноста: „Не примаме нарачани вести, ниту од власта ниту од опозицијата“.
Автори на кампањата се Атанас Кировски, директор на „Телма“ и креативниот директор на „Њу момент“, Душан Дракалски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



