И вашата врска и свој хороскоп. Откријте го знакот на вашата врска според датумот кога започнала и видете какво е влијанието на астрологијата врз вашата љубов.
Доколку врската почнала во знакот на:
Овен (21.3 – 20.4)
Ова е период на првиот знак во зодијакот, а овенот го претставува детето во сите нас. Тој е тврдоглав и страстен знак кој сака да се расправа и мисли само на себе. Овенот спаѓа во огнените знаци, па поради тоа врската ќе биде страсна, но бидејќи со овој знак владее планетата на војната Марс која е заслужна за караници, раскинувањето и смирувањето ќе биде честа појава во оваа врска.
Позитивно: Никогаш нема да ви биде досадно.
Негативно: Темната страна на овенот е себичноста со која е тешко да се справуваме, па затоа морате да имате јаки нерви.
Совет: Спортувајте заедно, бидејќи овој знак врие од енергија и доколку добро ја насочите ќе уживате, па дури и во соблекувалната може да ви биде интересно.
Бик (21.4 – 21.5)
Навистина треба да им се завидува на оние кои се заљубиле во време на владеењето на бикот, бидејќи тоа е најсензуалниот знак во хороскопот и тој едноставно ужива во сè. Ако вашата врска започнала во овој период таа ќе биде полна со допири, бакнежи, нежности и секси масажи. Многу ќе уживате во заедничкото излегување во кафичи, дискотеки, изложби и излети.
Позитивно: Со бикот владее Венера, планетата на љубовта, па поради тоа ве очекува галење, бакнување и уживање на секој чекор.
Негативно: Штедливоста на биковите сигурно ќе ви смета.
Совет: Биковите се господари на подиумот за играње, па затоа забавувајте се и уживајте.
Близнаци (22.5 – 21.6)
Овој период е вистински погодок за започнување врска, бидејќи близнакот е знакот на комуникацијата и затоа проблемите ќе ги решавате по пат на разговор. Поради ова врската ќе опстане долго време, но можеби ќе ви биде потребна малку романтика да ги разбие сите тие разговори.
Позитивно: Секогаш ќе имате за што да разговарате, па макар тоа да биде и обично озборување.
Негативно: Дволичноста на Близнакот може да ви донесе проблеми со флерт или неверство.
Совет: Врската ќе изобилува со секси мејлови, СМС-пораки и ливчиња испишани со разни слатки коментари.
Рак (22.6 – 22.7)
Сте го избрале вистинскиот период за започнување врска. Ракот е знакот на семејството и домот и затоа оваа врска има изгледи да прерасне во нешто сериозно. Раковите уживаат во храната, па според тоа можете да се раководите според она дека љубовта оди преку стомакот.
Позитивно: Ќе ви биде многу лесно да ги изразите своите емоции, а особено кога ќе бидете во кревет и заедно ќе гледате филмови.
Негативно: Раковите се познати по своите изливи на емоции, па понекогаш можеби ќе се чувствувате како сето тоа да ве гуши.
Совет: Сигурно ќе уживате во добри заеднички излегувања.
Лав (23.7 – 22.8)
Оваа врска ќе започне бурно, но веројатно бргу и ќе избледи. Лавот е огнен знак и затоа врската ќе ви биде полна со интересни случувања, па никаде и никогаш нема да ви биде здодевно. За жал таквата страст обично не трае долго, но доколку еден од вас е земјен знак (девица, бик или јарец), можете да дадете рамнотежа во врската.
Позитивно: драматични подеми
Негативно: драматични падови
Совет: Лавот е најразигран знак, па искористете го тоа и уживајте во спортување, пливање, трчање, а да се биде детинест во оваа врска е задолжително.
Девица (23.8 – 22.9)
Девицата е знак кој сака да се оптоварува со детали, па веројатно освен на датумот кога сте се сретнале, ќе се сеќавате и на сè што сте имале на себе. Овој земјен знак понекогаш е премногу опседнат со детали, па не обраќа внимание на големите работи кои ги пропушта, но и девиците знаат да им се препуштат на страстите кога никој не гледа.
Позитивно: Ќе мислите на сите важни датуми, а околу вас сè ќе биде беспрекорно уредно.
Негативно: Ситничавоста понекогаш може да пречи.
Совет: Во оваа врска ќе имате план за секоја заедничка активност. Замислете си колку дури и заедничкото миење садови може да биде интересно и забавно.
Вага (23.9 – 22.10)
Вагата е добар знак за започнување врска, така што имате голема шанса таа да успее. Темел на оваа врска се хармонијата и грижата за партнерот, но Вагата понекогаш знае да ја напушти врската без зборови и тука не може ништо да се стори.
Позитивно: Венера, планетата на љубовта, внимава на вас.
Негативно: Вагите честопати се неодлучни, па можеби тешко ќе се одлучите каде да одите, во кино или во дискотека.
Совет: Уживајте во галење и излежување или хранете го партнерот со чоколадо, а потоа темелно соберете ги остатоците од него и на тој начин добро ќе ја искористите мрзеливоста на вагата.
Скорпија (23.10 – 21.11)
Скорпијата е знак кој владее со страста, така што ќе ви биде многу убаво доколку вашата врска започнала во време на владеењето на овој знак. Карактеристична за овој знак е мистичноста, но и одмаздата, па затоа внимавајте што правите.
Позитивно: Мора ли да се каже што е тоа? Па се разбира – добар секс.
Негативно: Ако тргне нешто наопаку, работите би можеле да станат опасни.
Совет: Врската во знакот скорпија ќе ви открие некои нешта кои не сте ги знаеле за себе.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Вие сте во светот на авантурите и ќе уживате во страсни моменти ако вашата врска започнала во знакот стрелец, но можеби таа нема да трае долго, бидејќи стрелците секогаш сакаат нешто ново.
Позитивно: Оваа врска ќе биде динамична и со многу пресврти, кавги и смирувања.
Негативно: За стрелците тревата е секогаш позелена на некое друго место.
Совет: Стрелецот е знак кој обожава патувања, па ако врската сте ја започнале во време на неговото владеење, искористете го тоа максимално и тргнете на заедничко патување.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ако сакате долга врска, а сте ја започнале во знакот јарец, тогаш сте го избрале вистинскиот момент. Може да ви се случи да останете со партнерот сè додека смртта не ве раздели, но таквата врска носи и поголема одговорност. Понекогаш може да ве нервира проблематичноста на јарецот.
Позитивно: Можете да остварите сè што ќе замислите и тоа заедно.
Негативно: Јарецот е студен знак, па доколку не сте припадник на некој огнен знак работите би можеле да бидат прилично смрзнати.
Совет: Поминувајте го заедно целото слободно време и вашата врска ќе процвета.
Водолија (21.1 – 18.2)
Од сите знаци во зодијакот водолијата најмногу ужива во својата оригиналност и различност, па ако вашата врска започнала во овој период ќе трае онолку долго колку што ќе си дадете простор за слобода еден на друг.
Позитивно: Заедно можете да го освоите светот, доколку ја почитувате слободата на партнерот.
Негативно: Водолијата не е особено страстен знак, но ако се потрудите би можеле да успеете.
Совет: Водолијата е секогаш спремна за лудости.
Риби (19.2 – 20.3)
Кога сте се сретнале веројатно веднаш сте почувствувале дека сте создадени еден за друг. Тие кои се заљубиле во знакот на риби ќе уживаат во времето кое ќе го поминуваат заедно, бидејќи рибите се најромантичниот и најемоционалниот знак. Вие и вашиот партнер ќе си создадете сопствен свет.
Позитивно: Креативна и романтична заедница во која ќе уживате.
Негативно: Ќе имате проблем да се вратите во реалноста.
Совет: Рибите обожуваат да дегустираат разни пијалаци и да уживаат во добра музика. Во секој случај ќе ви биде убаво и забавно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


